Еден од најперспективните млади фудбалери во домашниот шампионат и Македонски младински репрезентативец Иван Николов официјално си замина од тимот на Академија Пандев.
Николов има 19. години и е еден од оние млади играчи за врска кои и покрај годините имаа веќе солидно прволигашко искуство. Тој има дваесетина настапи за нашите младински селекции, и е перспектива на мак фудбалот.
Николов за Спортмедиа истакна дека има опции да замине или во некој од нашите прволигаши, но и за во странство и дека наскоро ќе се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.