На стартот на подготовките на најтрофејниот Македонски клуб Вардар, во престер на неговата прва второлигашка сезона од осамостојувањето, присатна секако и навиваката група Комити, која е најзаслужна што клубот во најтешките моменти не згасна тотално.
„Едно да знаете. Дека Вардар нас ни е животот. Дека ние без Вардар не можеме. Да знаете дека ние сме секогаш со вас. Ние Вардар никогаш нема да го оставиме. Ниту во втора, трета, петта лига. Играјте за Вардар како да ви е последно. Гинете за овој свет клуб, за овој свет дрес. Затоа што тоа Вардар го заслужил“ – рекоа Комити, пред играчите, стручниот штаб и управата на Вардар.