Македонската репрезентација до 15 години на чело со селекторот Драган Начевски деновиве беше дел од традиционалниот турнир во Зеница, БИХ, Јосип Каталински.
На истиот учевствуваа репрезентацијата на БИХ, селекција на градот Сараево, како и селекцијата на Белград од Србија.
Ние денеска извијувавме триумф над селекцијата на Белград со конечни 2:1, а двоен стрелец за нашиот состав беше Стефан Младеновски. Токму Младеновски, инаку играч на Вардар го постигна единственот гол за нас, и во поразот од БиХ во првото коло 2:1.
На крајот од турнирот ние го заземавме третото место.