Женската македонска младинска репрезентација денеска ја почнува својата авантура на ЕХФ шампионатот, чиј домаќин е токму нашиот главен град.
Прв противник на избраничките на Љубомир Савевски е селекцијата на Босна и Херцеговина, мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот.
Покрај оваа репрезентација, нашите ракометарки до 19 години се во група со Холандија, Фарски Острови и Косово. Првите две пласирани земји од секоја група ќе изборат за место во следната фаза.