Младите сили на дводневен „скен“ кај Бајиќ

296

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ денеска и утре на дело ќе ги провери младите сили. Новиот предводник на нашиот национален тим објави два списока, еден со сигурни имиња кои ќе ги работат подготовките, и еден составен од млади кошаркари.

Бајиќ сака во два дена или четири тренинзи сам да одлучи кого ќе го повика од понеделник на официјалниот старт на подготовките за претквалификациите за место во квалификациите за СП 2023.

Списокот е интересен, на него се најде и 16-годишниот Рубин Стефанов, кој е член на Римини Крабс, но една година поради пандемијата коронавирус мораше да остане во Македонија, тој тренира со тимот на Ангели.

За разлика од своите претходници, Бајиќ на овој список го стави Виктор Ефремовски, како и уште неколку млади играчи кои претходно беа на поширокиот список.

На првиот тренинг е закажан за денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 10 часот.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ: Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

ПретходноЛиверпул преговара за Адама Траоре
СледноАрсенал не е атрактивен за ѕвездите: Рамос одбил нестварна понуда!