Савевски: Добра почеток, одбраната беше на потребното ниво

381

Македонската женска младинска репрезентација со триумф го отвори ЕХФ шампионатот У19. Избраничките на селекторот, Љубомир Савевски на стартот убедливо ја совлада БиХ со 39-28.

Предводникот на нашиот тим е задоволен од прикажаното, особено од одбрана.

„Не знаев што и колку можам да очекувам од мојот тим, затоа што немавме контроли и само трениравме последните 15-тина дена. 
Можам да кажам дека сум задоволен, одбраната беше на потребното ниво и постигнавме многу лесни голови. Ова е во секој случај добар почеток за нас, добро го отвориме Шампионатот“, изјави Љубомир Савевски.

Македонија во второто коло ќе игра против Фарски Острови.

ПретходноРуски голман во редовите на Баер Леверкузен
СледноАрсенал подготвува големо засилување – веќе ја „ослободи“ десетката