Се скандира името на Ериксен на стартот на подготовките на Интер (ВИДЕО)

443

Навивачите на Интер како што е тоа обичај се собраа да ги поздрават своите миленици пред стартот на овогодинешните летни подготовки.

Се скандираше името на Кристијан Ериксен, членот на Интер и Дански репрезентативец кој колабираше за време на ЕУРО на мечот против Финска.

Му беше вграден дефибрилатор, а законите во Италија стриктно забрануваат со таков вид на медицинско помагало личност да се бави со професионален спорт.

Па така, сеуште точно не се знае што ќе се случува со Кристијан Ериксен и дали тој воопшто ќе продолжи да се бави со фудбал, дали тоа ќе го направи во дресот на Интер, дали ќе се пресели во друга средина останува да видиме.

ПретходноАнгличаните веќе слават, Италија тренира во кампот на Тотенхем
СледноФудбалерот со македонско потекло, на „мета“ на Анталијаспор