Тавареш стана играч на Арсенал и се испофали: „Брз сум, добро шутирам, дриблам…“

719

Првото засилување за Арсенал оваа сезона е Нуно Тавареш. Како што беше најавено претходните денови младиот португалски репрезентативец доаѓа да ја засили левата бековска линија каде што „топчиите“ беа ранливи минатата сезона. Киран Тирни беше добар и една од светлите точки во тимот, но за него немаше соодветна замена.

Тавареш не беше стандарден во Бенфика и побара да си оди. Арсенал го препозна неговиот потенцијал и го повика на „Емирати“. Трансферот вреди 8 милиони евра плус уште 2 милиони кои можат да легнат на сметката на лисабонскиот клуб во форма на бонуси.

Тавареш потпише петгодишен договор и се испофали:

Брз сум, добро шутирам и со левата и со десната нога, можам да дриблам, да импровизирам. Тоа се моите квалитети, мојата техника. Но знам дека можам уште подобро, а тоа ќе го направам овде, во Арсенал“, изјави Португалецот.

Арсенал наскоро ќе донесе уште еден фудбалер,се работи за талентираниот играч за врска на Андерлехт, Алберт Самби Локонга.  Сумата за трансферот е 17,5 милиони евра, а со разни бонуси може да се искачи до 21 милион евра. Локонга ќе потпише со „Топџиите“ до 2026 година.

ПретходноНБА ѕвездите шефуваат во репрезентацијата (ВИДЕО)
СледноБарселона го донесе австрискиот Меси