Триумф на Победа на првата „контрола“

1314

Попладнево на теренот на Могилата, фудбалерите на Победа во првиот контролен натпревар во подготвителниот период ја совладаа екипата на новиот второлигаш Детонит со 3-1, полувреме 1-1.

Шефот на Стручниот штаб на Победа Дарко Крстески во двете полувремиња изведе различни состави а главно шанса добија сите играчи кои се во тренажен процес освен неколку ренонвалесценти и подоцна приклучени на подготовките.

За Победа во првото полувреме играа: Котевски, Бошевски Петкоски, С.Спиркоски, Поп-Антоски, Дунимаглоски, Јосифоски, Тодороски, Тасески, Неделков, Алимоски(Ристески).
Победа второ полувреме: Столевски, Дигаловски, Стомнароски, Кукески, Момироски, Ангелески, Митрески, Кисески-Илијески, Јошески, Најдов и Б.Спиркоски.
Стрелци на головите за Победа: Јосифоски(33 минута), Јошески (од слободен удар 48 минута) и авто-гол на Коцевски (во 65 минута).
Натпреварот го судеа:Ирена Велевачкоска(главен судија), Зоран Костоски и Весна Тофилоска(помошни судии).

Наредниот втор контролен натпревар Победа ќе го игра наредната сабота на 17-ти јули на теренот на Могилата со новиот второлигаш Братство.

ПретходноТопчиу повторно на клупата на Гостивар
СледноШоу на стартот на ЕХФ шампионатот: Нашите младинки ја „демолираа“ Босна