Ѓоковиќ имал проблеми со стомакот, се сомнева на труење со храна

1155

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на прес-конференција по победата над Денис Шаповалов во полуфиналето на Вимблдон, зборуваше и за својата здравствена состојба.

Во разговор со српски новинари, тој рече дека последниот ден и половина бил загрижен за проблеми со стомакот и тоа влијаело на неговата игра на приемот во првите два сета од мечот со Шаповалов. Тој појасни дека се сомнева на труење со храна.

Според него, еден ден одмор пред финалето ќе биде доволен за да се опорави.

ПретходноАргентина и Бразил во борба за титулата во Јужна Америка!
Следно„Л’Екип“: За само 10 дена без клуб, Меси загуби 1 милион евра!