Англичаните веќе слават, Италија тренира во кампот на Тотенхем

471

Лавина од воодушевување во Англија предизвика информацијата дека Италија, противникот на „Гордиот Албион“ во утрешното финале од ЕУРО, тренира во тренинг центарот на премиерлигашот Тотенхем.

Ова е клуб кој што во Англија, па и во Европа е познат како клуб кој не освојува трофеји, па автоматски и Англичаните веруваат дека тоа ќе им донесе на Италијание малер, несреќа за утрешниот меч.

Како никогаш досега Англија ја има зафатено фудбалска треска затоа што по долги години играат финале на едно големо натпреварување, па уште и на домашен терен. Италијаните со оглед на фактот што Англија влезе во завршниот меч со спорен пенал против Данска во полуфиналето, ќе ги имаат симпатиите на речиси целиот остаток од светот зад себе.

 

 

 

ПретходноАкадемија Пандев го совлада Работнички (2:0) во тест натпревар
СледноСе скандира името на Ериксен на стартот на подготовките на Интер (ВИДЕО)