Аргентина и Бразил во борба за титулата во Јужна Америка!

327

ФОТО: copaamerica.com

Во недела наутро, 2:00 часот по македонско време ќе се соочат големите ривали Аргентина и Бразил за титулата  јужноамерикански шампион. Бразил е бранител на трофејот освоен пред две години, а Лео Меси има шанса да го освои првиот трофеј со Аргентина. Меси има трофеј со олимписката репрезентација на Аргентина, но нема на ниту едно вистинско фудбалско натпреварување како СП или Копа Америка.

Мечот се игра на „Маракана“ во Рио.

Копа Америка 2021 е 10-тото големо натпреварување на Лео Меси со Аргентина, вклучително четири настапи на СП. Аргентина го нема освоено трофејот од 1993 година, а ако го освои сега ќе се изедначи со Уругвај со 15 пехари.

Бразил засега има девет јужноамерикански титули.

До ова финале Бразил стигна со четири победи и едно реми (две победи во нокаут фазата), а Аргентина со четири победи и уште една победа на пенали во полуфиналето со Колумбија.

Меси со четири гола и Лаутаро Мартинез со три се најефикасни кај аргентинскиот национален тим, додека Нејмар и Пакета со по два се најефикасни кај Бразил. Меси атакува и на наградата најдобар стрелец на Копа Америка 2021.

ФИНАЛЕ НА КОПА АМЕРИКА 2021
АРГЕНТИНА  – БРАЗИЛ
Недела, 02:00 ч.
Стадион: „Маракана“ во Рио.

МОЖНИ СОСТАВИ

АРГЕНТИНА: Мартинез – Молина, Пецела, Отаменди, Таљафико – Де Паул, Гуидо Родригез, Паредес (Ло Селсо) – Меси, Мартинез, Нико Гонзалез.

БРАЗИЛ: Едерсон  – Данило, Маркињос, Тијаго Силва, Ренан Лоди – Касемиро, Фред, Лукас Пакета – Евертон, Ришарлисон, Нејмар

 

ПретходноКако поминаа данските навивачи на „Вембли“: Плукање, влечење за коса, боксови…
СледноЃоковиќ имал проблеми со стомакот, се сомнева на труење со храна