Англиски Вулверхемптон ја активира клаузулата за францускиот интернационалец Рајан Аит Нури. Овој лев бек минатата сезона играше на „Молину“ како позајмен, а англискиот клуб одлучи да се доовори со Анже и да го купи за 11 милиони евра.
Играчот стави потпис на петгодишен договор со опција да биде продолжен на уште една.
Се работи за фудбалер кој играл за младинските репрезентации на Франција, но се уште нема настап за сениорите. Има опција да игра и за Алжир поради потеклото, но засега од тоа нема ништо.
Неговиот ефект за „волците“ минатата сезона е 21 меч и 1 гол.