Од 1 јули, Лео Меси е без тим за првпат во својата спортска кариера. Аргентинската sвезда, која вечерва го игра финалето на Копа Америка против Бразил, сè уште не одлучил за својата иднина и се уште нема обезбедено нов договор со Барселона. Ако се направи пресметка, меси откако е без договор губи по 100.000 евра на ден.
Францускиот весник „Л’Екип“ ја пресмета загубата на Меси во првите денови од јули, кога Аргентинецот е практично без работа. Поранешниот играч на Барселона добиваше 138,90 милиони евра бруто по сезона, односно 74, 90 нето. Л’Екип уверува дека, ако Меси и Барселона постигнеа договор за намалување на платата од 1 јули, Аргентинецот ќе добиваше 100.000 евра нето секој ден, што значи дека секој ден без договор го чини многу.
Проценките на „Л’Екип“ велат дека за првите 10 дена од овој месец Меси веќе е полесен за 1 милион евра.