Реал Мадрид нема намера да се откаже од идејата да го доведе Килијан Мбапе. Според “El Chiringuita”, „кралевите“ се подготвени да потрошат 150 милиони евра за младиот француски фудбалер.
Шпанскиот тим во сенка на ЕУРО се подготвува за новата сезона во која сака да освои трофеи, што пак не беше случај во претходната.
Првиот човек, Флорентино Перез сака да направи силен тим, ова лето има намера да донесе едно ама вредно засилување.
Мбапе има договор со ПСЖ до следното лето, тој е подготвен веќе во јануари да преговара со другите тимов, но Реал го сака на почетокот на сезоната. Во клубот сметаат дека понудата од 150 милиони евра ќе биде сосема доволна за ПСЖ.
Францускиот фудбалер дресот во Париз дојде од Монако во 2017 година, прво беше на позајмица, а потоа потпиша четиригодишен договор.