Шоу на стартот на ЕХФ шампионатот: Нашите младинки ја „демолираа“ Босна

698

Убедлив старт на македонската женска младинска репрезентација на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Нашите ракометарки до 19 години на првиот меч ја совладаа селекција на Босна и Херцеговина со 39-28 (17-12).

Сара Миновски со 10 гола од исто толку обиди беше прв стрелец, зад неа беше Ангела Јанкуловска со седум погодоци.

Предводникот на младинките, Љубомир Савевски убаво ја постави одбраната, а во нападот нашите девојки немаа никаков проблем. Изедначена игра имаше на почетокот, нашите ракометарки отворија со 5-2. Во последните десет минути пред одморот, Македонија со серија од 5-1 успеа да превземе целона контрола на резултатот, на одморот замина со позитива од 17-12.

Во продолжение доминацијата на „црвено-жолтите“ продолжи, Босна немаше решение за расположената Сара Миновска. Македонија во 40. минута поведе со двоцифрени 25-15, а потоа постојано ја зголемуваше позитивата. Победата е сосема заслужена, истата ќе биде голем мотив за следниот дуел, кој е закажан за два дена. Противник ќе биде селекцијата на Фарски Острови.

ПретходноТриумф на Победа на првата „контрола“
СледноРуски голман во редовите на Баер Леверкузен