Одличен почеток на Англија во финалето со Италија. Уште во 2. минута Лук Шо донесе водство. Одличен центаршут од десната страна, а Шо оставен сам и со волеј го совлада Донарума.
Вембли „експлодираше“ по ова водство, а Англија има предност уште на самиот почеток.