Напаѓачот на Наполи е во стабилна сотојба по хорор повредата на мечот од Голд Купот (ВИДЕО)

712

Мексиканскиот репрезентативец Ирвинг Лозано е во стабилна состојба откако се здоби со повреда на главата за време на мечот со Тринидад и Тобаго на Голд Купот.

Крилниот напаѓач на Наполи беше пренесен во болница по силниот судир со противничкиот голман. Веднаш му била укажана лекарска помош на теренот и му била ставена шина околу вратот. Отпрвин се чинеше дека Лозано е неподвижен, но кога го извадија од теренот беше виден како ги движи рацете.

Мексико веднаш објави информација за состојбата на 25-годишниот напаѓач фудбалер, во која беше објавено дека тој е во стабилна состојба и свесна состојба. Дополнителни медицински прегледи треба да се извршат деновиве. Истото го потврди и Наполи.

ПретходноПоранешниот ракометар на Металург пред трансфер во Келце
СледноШевченко најверојатно ќе ја напушти Украина, сака да работи во клуб