ФОТО НА ДЕНОТ: Дури и Нејмар се израдува за Меси!

1698

Аргентина слави, стана јужноамерикански шампион откако во финалето го совлада Бразил со 1:0 и тоа на „Маракана“ во Рио. Копа Америка на која и се закануваше откажување затоа што смени три домаќини, конечно, заврши со среќен крај за Аргентина и за Лионел Меси.

Асот на Барселона во својата колекција конечно го собра и овој драгоцен трофеј освоен со репрезентацијата она за што сонуваше цела кариера.

По завршување на финалето и Нејмар дури се израдува за Меси. Тој го гушна на теренот, а потоа отиде во соблекувалната на Аргентинците и седна до него каде се шегуваа и си честитаа. Меси и Нејмар ги добија МВП наградите за најкорисни играчи на турнирот (Меси четири гола, пет асистенции, а Нејмар даде два гола и запиша четири асистенции).

ПретходноМеси: Колку убаво лудило, фала му на Бога!
СледноПред пет години сакаше да се откаже од Аргентина, но продолжи и конечно е шамшпион!