Англија е 13-тата различна репрезентација која ќе игра финале на ЕП. Иако е колевката на фудбалот, сепак, оваа репрезентација освен светската титула во 1966 година нема успех на големите натпреварувања. На ЕП е првпат, а статистиката кажува дека само три го изгубиле првото континентално финале.
Иако Италија има поголемо реноме на големите турниди, еднаш европски и четири пати светски првак, сепак, Англија оваа година има голема шанса да се закити со првиот европски трофеј пред се поради фактот што е домаќин на финалето и ќе има голем број на свои навивачи.
Англија е импресивна на „Вембли“, победи на 15 од своите 17 натпревари на овој стадион во сите натпреварувања (плус едно реми и еден пораз) притоа постигнувајќи 46 голови, а прими само пет. Тоа е неверојатен биланс.
Од друга страна Италија направи личен рекорд под водство на Роберто Манчини. Најдолга серија без пораз! 33 меча избраниците на Манчини немаат изгубено натпревар. Серија која трае од септември 2018 година. Црешката на врвот ќе биде триумфот на ова ЕП.
Супер изгледа овој состав на Манчини, а Италија конечно се врати на големата сцена по еден период на слаби резултати, разочарувања и смена на фудбалери.