Борбата на Амедовски во октагонот откажана поради ковид-позитивен во неговиот тим

215

Отворањето на УФЦ 264 требаше да почне со дуелот меѓу Македонецот Ален Амедовски и Кинезот Ху Јаозонг во Невада меѓутоа тој меч беше откажан. Мечот требаше да се одржи во сабота навечер, меѓутоа во последен момент е тргнат затоа што во тимот на Амедовски имало заразен со Ковид-19. Од безбедносни причини организаторите ја откажаа борбата, па настанот продолжи со 12 други борби.

Македонецот се надеваше на прва победа во октагонот по двете претходни борби, но ете проблемите со коронавирусот ги смени плановите.

ПретходноМекгрегор не само што загуби од Порие, туку и на носилки го напушти рингот
СледноИталија никогаш не изгубила од Англија на големите турнири!