Гризман ја подотвори вратата за заминување од Барселона

622

Според пишувањето на шпанскиот весник „Ла Вангардија“, Антоан Гризман не е против идејата да си замине од Барселона, но заминување ќе прифати само под еден услов. Французинот стана мета на шпекулации за заминување од Каталонија, откако Лапорта во неговата продажба гледа спас за финансиската состојба во клубот и обезбедување на доволно средства да се задржи Лео Меси.

Гризман, според „Ла Вангардија“, би прифатил да си замине, но само доколку биде продаден во „конкурентен“ проект, бидејќи неговата намера е да ги исполни трите години од договорот што ги има со Барса. „Мундо Депортиво“ уверува дека размената со Саул е на маса и дека структурите на Барца дале зелено светло за да се започне со преговори. Сепак, размената со Саул не би решила ништо на сметководствено ниво, па прашање е дали Барса сега ќе постави конкретна цена за продажба на Гризман ова лето.

ПретходноШевченко најверојатно ќе ја напушти Украина, сака да работи во клуб
СледноВо Лондон е вистинско лудило (ВИДЕО)