Ефремовски оправдано отсутен

202

Виктор Ефремовски нема да биде дел од тренинзите на нашиот национален кошаркарски тим во следните денови поради примена вакцина.

Селеткорот Бајиќ нема да биде во можност да смета на услугите на Ефремовски, затоа што закажаниот термин за вакцинација се поклопил со стартот на подготовките.

Па така, стручниот тим на репрезентацијата предводена од селекторот Драган Бајиќ одлучи да го поштеди бекот-шутер.

По дозвола од докторите, Ефремовски ќе се врати во процесот на подготовките кои официјално стартуваат во понеделник, од 10.00 часот

ПретходноТухел инсистира на Халанд, но тој во моментов чини 175 милиони евра
СледноПипо Инзаги: Италија ќе ја победи Англија со гол на Имобиле