Италија е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! Донарума јунак во пенал серијата! (ВИДЕО)

661

Италија е европски првак откако на пенали ја совлада селекцијата на Англија со 3:2. Во драматична завршница, среде „Вембли“, Италијанците успеаја да дојдат до вториот трофеј во историјата. Губеа со 1:0, израмнија на 1:1, потоа имаа шанси за целосен пресврт, меѓутоа мечот мораше да се решава по продолженија, па потоа и преку пенали во кои Итлијанците беа поуспешни.

Во регуларниот дел мечот заврши 1:1. Шо ги „шокираше“ Италијанците уште во 2. Минута откако беше оставен сам, и со волеј го совлада Донарума.

Италија доминираше долго, а патот до мрежата, конечно, го најде во 67. минута кога Бонучи погоди за израмнување.

Во продолженијата шансата ја имаше Берарди, но не го совлада Пикфорд. Инаку Англија во текот на сите 120 минути имаше само еден шут кон голот на Италија, од кој постигна гол.

Прв во серијата шутираше Берарди и погоди, за Англија Кејн беше сигурен. Белоти беше втор за Италија, а Пикфорд му одбрани, додека кај Англија Мегвајер погоди одлично. Бонучи трет за „Азурите“ и погоди помалку и среќно, а Рашфорд погоди во стативата за „симетрија“.

Бернардески беше четврт изведувач за Италија, и погоди по средината, Санчо за Англија и Донарума брани. Жоржињо беше петти изведувач за „азурите“, но Пикфорд му го одбрани пеналот и со помош на стативата. Сака го промаши петтиот пенал, Донарума брани и Италија е европски првак.

Англија ќе почека на првиот трофеј од европските првенства.

ПретходноИталија беше поблиску до предност во продолженијата – време е за пенали!
СледноДонарума е прогласен за најдобар фудбалер на ЕУРО 2020