Италија никогаш не изгубила од Англија на големите турнири!

325

Италија против Англија на „Вембли“. Тоа е финалето на Европското првенство во фудбал кое ќе се одигра вечерва со почеток од 21 часот. Голем меч, добро познати ривали, Англија атакува на првиот европски трофеј, додека Италија на вториот односно прв по 1968 година.

Статистиката вели дека Италија никогаш не изгубила од Англија на големите турнири. Го совлада „Гордиот Албион“ со 1:0 на ЕУРО 1980, потоа одигра 0:0 и беше подобра на пенали на ЕУРО 2012. Победи со идентични 2:1 на СП 1990 и СП 2014.

Ако се земат во предвид сите натпревари Англија има само две победи на претходните 14 соочувања со Италија во сите натпреварувања, и двата во пријателски средби: 2:0 во јуни 1997 и 2:1 во август 2013.

За Италија ова е 10-то финале на големите натпреварувања, само Германија со 14 има повеќе од нив. Италија ја освои европската титула во 1968, но ги изгуби следните две финалиња, во 2000 и во 2012 година, првото од Франција, второто од Шпанија.

Претходно Борбата на Амедовски во октагонот откажана поради ковид-позитивен во неговиот тим
СледноИнтер доби 7,5 милиони евра од ФИФА поради Ериксен