Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, откако во финалето го совлада Матео Беретини со 3-1. Српскиот тенисер дојде до 20. Грен слем титула и се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал. По завршување на финалето, тој уште еднаш ја покажа својата големина, даде изјава за која долго време ќе се зборува.
„Ова значи дека ниту еден од нас тројца нема да застане. Го споменав ова и многу порано. Морам да им дадам големо признание на Рафа и Роџер. Тие се легенди на нашиот спорт, тие се двајцата најважни играчи со кои се имам сретнато во мојата кариера, причината поради која што сум сега, ми помогнаа да сфатам што треба да работам за да напредувам физички и тактички. Губев од нив, а потоа кон крајот на 2010 година нешто се промени“, изјави Ноле, кој му четиташе на противникот за одлична игра.
🏆 2011
🏆 2014
🏆 2015
🏆 2018
🏆 2019
🏆 2021#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/UrFvlsgIzY— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2021
ФОТО: Вимблдон/Твитер