Кој е најголем губитник од патувањата на ова Еуро? Некој патуваше 10.000, а некој само 560 километри!

345

Ако и имаше дилеми дали ваквиот начин на одржување на едно европско првенство е добро или лошо, првиот човек на УЕФА, Чеферин, ги разјасни со својата изјава дека УЕФА нема да дозволи уште еден ваков пан-европски шампионат, пред се поради нееднаквиот третман на репрезентациите и навивачите при патувањата.

Шпанска „Марка“ денеска излезе со комплетна пресметка кои се најголемите губитници, а кои најголемите добитници од годинашниот начин на одржување на Еуро 2020. Шпанскиот весник пресмета детално, колку секоја од 24-те репрезентации на првенството поминала во пат од едно до друго место за да ги одигра своите натпревари на шампионатот.

Бројките велат дека најголем губитник од ова пан-европско првенство е Швајцарија. Швајцарците за време на својот настап на Еуро 2020 пропатувале безмалку 10.000 километри (9970). Ниту една друга репрезентација не е ни приближно до километрите кои Швајцарците ги поминаа од град во град, додека ги играа мечевите на првенството. Швајцарците патуваа од Баку до Рим, па пак до Баку, па заминаа во Букурешт, за на крај да завршат во Ст. Петерсбург – или точно 9970 километри.

На второ место на листата на селекции кои пропатуваа најмногу на ова Еуро 2020 е Данска со поминати 8231 км, па трети на листата се Полјаците со 7150 минати километри.

Најмалку се разместуваа по Европа Унгарците (563 км), па по нив Германија (928 км). Македонија која беше само во Букурешт и Амстердам поминала 1785 километри и се наоѓа при самото дно на листата.

ПретходноТите има оправдување за поразот: Теренот бил лош, а Аргентина играла антифудбал
СледноПоранешниот ракометар на Металург пред трансфер во Келце