Дастин Порие славеше победа над Конор Мекгрегор и во третата меѓусебна борба на УФЦ 264 настанот. Американецот ја заврши работата по само една рунда со технички нокаут, поточно мечот беше прекинат откако Мекгрегор си ја свитка ногата и не можеше да продолжи. Лекарите востановија дека веројатно има скршеница и дека мечот мора да се прекине.
Мекгрегор беше изнесен на носилки.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт најави и нова борба меѓу Мекгрегор и Порие кога Ирецот ќе ја санира повредата, но за тоа ќе биде потребно подолго време.
Dustin Poirier defeats Conor McGregor by injury TKO at UFC 264 after McGregor appeared to break his ankle, causing a doctor’s stoppage.#ufc264 pic.twitter.com/gKhmvW2TpO
— Naija Gist Spot (@9jagistspot) July 11, 2021