Аргентинскиот ас Лионел Меси, конечно, освои трофеј со аргентинската фудбалска репрезентација. Му требаше долго за ова, но го дочека моментот и во својата колекција го стави еден од најважните трофеи во кариерата – шампион на Јужна Америка.
По триумфот над Бразил во финалето на „Маракана“, Меси го гушна трофејот и порача.
„Колку убаво лудило!!! Ова е неверојатно, фала му на Бога за овие моменти!!! “, напиша Меси на својот профил на Твитер.
За Лео ова беше неверојатен Куп на Америка. Го заврши како најдобар стрелец (4 гола), најдобар асистент (пет асистенции) но ја доби и наградата МВП на турнирот која всушност ја поделија со бразилскиот ас Нејмар.