Новак Ѓоковиќ го совлада Матео Беретини во финалето на Вимблдон со 3-1 (4-6, 6-4, 6-4 и 6-3) и дојде до 20 Грен слем титула и се изедначи со Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Ноле не дозволи изненадување, ја продолжи доминацијата на Вимблдон, после една година пауза поради Ковид-19, одново се искачи на тронот, ова трета победа во низа во финалињата.
Италијанскиот тенисер во првиот сет покажа дека местото во финале не е случјано. По фуриозниот старт на Ноле и водството од 5-2 во гемови, успеа да се врати. Стигна до тај-брејк, го доби со 7-4 и поведе со 1-0 по сетови.
Во следните два сета, Ноле успеа да се врати и да поведе со 2-1, и двата ги доби со 6-4, Беретини одново пружи силен отпор, но искуството беше на страна на Србинот.
Италијанецот поведе со 0-1 во четвртиот сет, но при 2-3, следеше пресврт. Беретини загуби на свој сервис, ова беше клучен момент за конечни 5-3. Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка, не дозволи мечот да биде решен по драма.