Пипо Инзаги: Италија ќе ја победи Англија со гол на Имобиле

227

Италија ќе ја совлада Англија со 1:0 во финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“, а напаѓачот Чиро Имобиле ќе го постигне победничкиот гол – таква прогноза направи поранешниот италијански репрезентативец Пипо Инзаги за „Газета дело Спорт“.

Ме прашувате каков совет би му дал на Имобиле пред финалето? За играч кој дава по 30 гола на сезона нема потреба да му се даде совет. И јас имав некои тешки моменти дури и кога давав многу голови. Имобиле треба да се смири и да игра ладнокрвно. А прогнозата за финалето? 1:0 за Италија и токму Имобиле ќе го даде победничкиот гол“, изјави Инзаги.

Имобиле даде два гола досега на ЕУРО 2020, исто толку имаат уште четворица негови соиграчи: Киеза, Инсиње, Локатели и Песина. Оваа Италија се разликува од претходните по тоа што ја краси тимски дух и тимска игра, не се фокусирани на тоа кој ќе биде стрелец.

ПретходноЕфремовски оправдано отсутен
СледноТинејџер во Бангладеш испил отров поради поразот на Бразил