Англија има предност во финалето над Италија со 1:0. Лук Шо уште во 2. минута, со најбрзиот гол во финалињата на ЕП, му донесе предност на англискиот национален тим.
Италија го има поседот, но никако не може да го најде патот до голот. Една шанса само на Киеза кој шутираше само крај голот, и тоа е се што сторија Италијанците по првиот дел. Имаше и еден безопасен удар на Верати во финишот.
Одбраната на Англија одлично реагира, а „Гордиот Албион“ чека некоја шанса од контра преку брзиот Стерлинг да дојдат и до втор гол.