Светислав Пешиќ и Тринкиери доаѓаат во Скопје!

632

Ова лето ќе биде доста бурно. Младите селекции ќе бидат активни во европски рамки, а Скопје ќе биде домаќин на неколку важни настани.

Покрај претквалификациите за место во квалификациите за СП 2023 година, КФСМ ќе биде организатор на еден од турнирите од „А“ дивизијата за кошаркари „Под 16“ години. Овој кошаркарски спектакл е закажан за периодот од 13. до 21. август.

Во овој период, ќе се одржи и тренерски семинар. Од федерацијата најавија 150 тренери, а како еден од главните предавачи се најавува, Светислав Пешиќ, еден од најуспешните европски стратези.

Пешиќ го освои златниот медал со репрезентацијата на СР Југославија на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година. Една година претходно ја освои и европската титула. Тој ја предводеше и селекцијата на Германија на ЕП 1993 година.

Со екипата на Барселона ја освои Евролигата, а со Џирона во 2007 година го освои Еврокупот.

Пешиќ нема да биде единственото познато тренерско име. Андреа Тринкиери ќе предава на тренерскиот семинар. Станува збор за актуелниот стратег на Баерн Минхен, тој има богато искуство. Беше прогласен за тренер на година во 2014 година во Европкупот. Неодамна, поточно во периодот од 2018 до 2020 година го водеше Партизан.

ПретходноХаос пред Вембли: Англиски навивачи се испотепаа, па без билети влегоа на стадионот! (ВИДЕО)
СледноПол Погба има две опции!