Скалони: Меси играше повреден, светот мора да знае колку ова му значи

443

Репрезентацијата на Аргентина е освојувач на овогодинешнтата Копа Америка. Лионел Меси конечно освои еден трофеј со својата репрезентација, и тоа многу му значи на веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони по триумфот над Бразил синоќа од 1:0, изјави дека светот мора да знае дека Лионел Меси овој меч го одигра повреден и дека поради овој податок сите треба да го почитуваат и сакаат уште повеќе.

„Да знаете дека Меси играше повреден ќе го сакате уште повеќе. Никогаш не можете да најдете замена за таков играч, па дури и кога игра повреден“ – изјави Скалони. Меси доби јак удар во полуфиналето против Колумбија.

„Овој трофеј нему многу му значи. Се обиде многупати но успеа дури сега. Не се рпедаде напротив. Сите знаеја колку му е важен трофејот со репрезентацијата. Имаме прекрасен однос, не само професионален како селектор – играч. Нему и на соиграчите ќе им бидат вечно благодарен“ – изјави Скалони.

 

ПретходноРамадани и Вандески учествуваа на ЕП во атлетика во Талин
СледноСе случи и тоа, САД загуби од Нигерија во кошарка (ВИДЕО)