Познати се составите за Италија и за Англија за финалниот меч кој почнува вечерва во 21 часот на „Вембли“.
Речиси без изненадувања и двата селектори Саутгејт и Манчини, односно она што и се очекуваше.
Така Англија ќе стартува со Пикфорд, а во одбраната тројка со Мегвајер, Стоунс и Вокер, и на страничните позиции Вокер и Шо. Во средниот ред Филипс и Рајс, и во нападот Стерлинг, Кејн и Маунт.
Италија, пак, ќе игра со Донарума на гол, во одбрана Емерсон, Бонучи, Кјелини и Ди Лоренцо. Средината ќе ја сочинуваат Жоржињо, Барела и Верати, и во нападот Имобиле, Киеза и Инсиње.