Прекрасен гест на повредениот Леонардо Спинацола, италијанскиот репрезентативец.
Во денешниот број на Ла Стампа објави текст посветен на репрезсентацијата на Италија, за која вечерва не може да заигра но ќе ја бодри од трибините на Вембли.
Спинацола, знаеме сите, се повреди во четвртфиналето против Белгија, страдаше неговата ахилова тетива. Во меѓувреме опериран, се приклучи на репрезентативниот камп, нормално само како навивач. Спинацола во емотивното писмо им се обраќа на своите соиграчи, на навивачите, на сите оние кои вечерва Италија ќе ја чувствуваат за своја.
„Кога би можел да го вратам времето, повторно би направил спринт кон таа топка. Тоа би го направил сто пати. Ќе ппробам да ја освојам топката, да отстранам опасност. Тоа не е ништо посебно, тоа се само правилата на „Азурите“. Конечно, таа линија ќе ја прејдеш само ако си подготвен да ја дадеш својата душа заедно со соиграчите. Повредата ме оддалечи од теренот, но не и од оваа дружина. Мојот син Матиа, има само три години и свесен е зошто неговиот татко денес нема да го гледа финалето заедно со него на домашната софа.
Многу сум возбуден, не можам да го скријам тоа. Кога влегов во авионот, се чувствував како да сум повторно роден. За неколку часа, ќе бидам и со играчите на теренот, но и со навивачите на трибината. Можеше да биде и подобро, но и полошо. Ја имаме пред нас последната битка на Вембли на ова ЕУРО. Овој турнир за секогаш ќе го носам во себе. Од онаа магична ноќ на Олимпико, далеку стигнавме. Во мојот случај, судбината додаде уште некој километар во ова историско патување. Подготвен сум, знам дека можам да дадам уште многу, и ќе се вратам на терен за неколку месеци. Размислувам како сите заедно вечерва спринтаме кон топката. Замислувам како Брајан Кристанте првиот соиграч кој ми пријде по тешката повреда, вечерва подигне нешто многу повредно од мојата глава. Еве нас.,,Forza, Azzurri! „ напиша Спинацола.