Чекањето на Меси заврши, Аргентина ја освои “Копа Америка”! (ВИДЕО)

2370

28 години Аргентина чекаше и дочека. Послр многу разочарувања и порази во финалињата и критики  Лионел Меси освои трофеј и со националниот тим и тоа на најслаткиот начин – со победа над големиот ривал Бразил, и тоа сред “Маракана”, онаму каде што го загубија финалето на Мундијалот 2014 година.

Аргентина добро започна, а Бразил влезе како во грч. Финалето го одлучи само еден гол, оној на Ди Марија и тоа со лоб удар.

Никој не очекуваше дека токму тоа ќе биде единствениот погодок. Имаше уште еден, го даде Бразил, но беше поништен поради офсајд. Аргентина одигра потоа подефанзивно и ја чекаше шансата од контра и ја имаше, но не ја искористи.

Така голот на Ди Марија се покажа одлучувачки.

 

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Лионел Меси, а најдобар голман неговиот сонародник Емилиано Мартинез.

ПретходноАрсенал подготвува големо засилување – веќе ја „ослободи“ десетката
СледноМеси: Колку убаво лудило, фала му на Бога!