Џака: Мура не е непобедлива, само да почнеме да погодуваме

390

 

Актуелниот Македонски шампион, тимот на Шкендија в среда во Словенија, против тимот на Мура ќе се обиде да ја анулира негативата од Скопје, кога загуби со 0:1, и да се обиде да се пласира во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите.

Тоа нема да биде ни малку лесно, затоа што Мура покажа дека е квалитетен тим, знае да одигра на резултат и впрочен во Скопје овој ривал пристигна да не загуби, а си замина со полн плен.

Тоа што Шкендија промашуи грст шанси малку во моментов значи, затоа што Тетовци сега ќе мораат на гостински терен да бараат победа.

„Неефикасноста не доведе во оваа ситуација. Создадовме огромен број на шанси но не искористивме ниту една од нив. Казнети сме поради тоа. Имаме шанси да минеме понатаму затоа што видовме и самите за каков противник станува збор. Треба само да ги искористиме нашите шанси и да ја играме нашата игра“ – изјави Камер Џака за клупскиот сајт на Шкендија.

 

 

 

 

 

Претходно„Лавовите“ го промовираа и Попзлатанов
СледноТухел инсистира на Халанд, но тој во моментов чини 175 милиони евра