Капа доле за Ноле: Рафа и Федерер се легендите на овој спорт, тие ми помогнаа!

581

Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, откако во финалето го совлада Матео Беретини со 3-1. Српскиот тенисер дојде до 20. Грен слем титула и се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал. По завршување на финалето, тој уште еднаш ја покажа својата големина, даде изјава за која долго време ќе се зборува.

„Ова значи дека ниту еден од нас тројца нема да застане. Го споменав ова и многу порано. Морам да им дадам големо признание на Рафа и Роџер. Тие се легенди на нашиот спорт, тие се двајцата најважни играчи со кои се имам сретнато во мојата кариера, причината поради која што сум сега, ми помогнаа да сфатам што треба да работам за да напредувам физички и тактички. Губев од нив, а потоа кон крајот на 2010 година нешто се промени“, изјави Ноле, кој му четиташе на противникот за одлична игра.

ФОТО: Вимблдон/Твитер

ПретходноНајубавите 10 гола до финалето на Еуро 2020 (ВИДЕО)
СледноСОСТАВИ: Италија напаѓа со Имобиле, Киеза и Инсиње, Англија со Кејн, Стерлинг и Маунт