Мекгрегор не само што загуби од Порие, туку и на носилки го напушти рингот

3275

Дастин Порие славеше победа над Конор Мекгрегор и во третата меѓусебна борба на УФЦ 264 настанот. Американецот ја заврши работата по само една рунда со технички нокаут, поточно мечот беше прекинат откако Мекгрегор си ја свитка ногата и не можеше да продолжи. Лекарите востановија дека веројатно има скршеница и дека мечот мора да се прекине.

Мекгрегор беше изнесен на носилки.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт најави и нова борба меѓу Мекгрегор и Порие кога Ирецот ќе ја санира повредата, но за тоа ќе биде потребно подолго време.

ПретходноПред пет години сакаше да се откаже од Аргентина, но продолжи и конечно е шамшпион!
Следно Борбата на Амедовски во октагонот откажана поради ковид-позитивен во неговиот тим