Мексиканскиот репрезентативец Ирвинг Лозано е во стабилна состојба откако се здоби со повреда на главата за време на мечот со Тринидад и Тобаго на Голд Купот.
Крилниот напаѓач на Наполи беше пренесен во болница по силниот судир со противничкиот голман. Веднаш му била укажана лекарска помош на теренот и му била ставена шина околу вратот. Отпрвин се чинеше дека Лозано е неподвижен, но кога го извадија од теренот беше виден како ги движи рацете.
Мексико веднаш објави информација за состојбата на 25-годишниот напаѓач фудбалер, во која беше објавено дека тој е во стабилна состојба и свесна состојба. Дополнителни медицински прегледи треба да се извршат деновиве. Истото го потврди и Наполи.
Hirving Lozano neck injury 🤕
This looks so bad. Praying for a speedy recovery to him 🙏🏼— ✈ (@evertonfinest) July 11, 2021