Македонската одбојкарска репрезентација денеска се собра во Маврово каде ќе ги почне подготовките за настап на Европското првенство 2021 година.
Од играчкиот кадар, од ОФМ информираат дека капитенот Никола Ѓорѓиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев на националниот тим ќе се приклучат утре, а Филип Деспотовски два дена подоцна.
Македонија со нов селектор ќе ги почне подготовките. Беше сменет Никола Матијашевиќ, а на негово место седна неговиот помошник Душко Николиќ.
По завршувањето на подготвителниот дел во Маврово, македонскиот национален состав ќе ја почне фазата со одигрување пријателски натпревари, меѓу нив е традиционалниот турнир „Чајка“, како и во „Стожице“.
ЕП се игра во септември во Тампере, Финска.