Тите има оправдување за поразот: Теренот бил лош, а Аргентина играла антифудбал

194

Селекторот на Бразил, Тите даде свое објаснување за поразот од Аргентина во финалето на Копа Америка 2021, оправдувајќи го со неколку работи.

„Организацијата на натпреварот остави многу лоша слика. Теренот беше ужасен и играчите беа изложени на ризик. Ова не треба да биде случај на вакви големи турнири. Што се однесува до самиот натпревар, ние сакавме да играме фудбал, но од другата страна имаше антифудбал. Противниците постојано паѓаа за да добијат фаул, и така може до бесконечност. Арбитерот не го контролираше текот на играта. Стратегијата на Аргентина беше да нема игра“, изјавил Тите.

ПретходноСпинацола: Вечерва сум и со вас и со навивачите на трибините
СледноКој е најголем губитник од патувањата на ова Еуро? Некој патуваше 10.000, а некој само 560 километри!