Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко проговори за својата иднина по Еуро 2020. На новинарско прашање дали ќе остане селектор или сака да се проба во клупските води, тој вели:
„Дефинитивно размислувам да водам клуб еден ден. Работев 5 години со украинската репрезентација, сега треба мирно да ја процениме нашата иднина. Гледате добра верзија на тренерот Андриј Шевченко, но подобро е да не го познавате злобниот. Во таква работа, понекогаш треба да бидете различни. Бев инспириран од Валери Лобановски, Карло Анчелоти , Жозе Мурињо. Ова се одлични тренери кои имаат освоено многу трофеи“, вели легендарниот напаѓач.