Ја презеде репрезентацијата кога беше на дното, а после три години ја однесе на врвот на Европа. Ги доведе во стручниот штаб се сами легенди како Ориали, Вијали, Евани, Де Роси, Ломбардо…
Со Манчини дојде и магијата. Италија почна да победува, Италија одново е моќна екипа, но ова е некоја нова, модерна, напаѓачка Италија. Кај неа нема ни “К“ од Катанаџо. Оваа Италија нема супер – ѕвезди, но има во себе потребна хемија.
Одново Италија е Италија во фудбалска смисла на зборот.
Откако Донарума го одбрани последниот пенал, Манчини како да немаше сила да се радува, му протекоа солзи, а најемотивно беше кога следуваше искрена, братска прегратка со својот најдобар пријател Вијали, со кого заедно играа во Сампдорија и селекцијата на Италија, Вијали кој херојски го победи ракот.
Чисти емоции…
„Овие момци се прекрасни. Оваа екипа направи големи работи. Ова е неверојатно. Примивме гол, се мачевме потоа доминиравме.Сега сите сме среќни, тоа е најважно“ рече покрајк другото селекторот на европскиот првак.
ФОТО: Twitter/EURO