Токио повторно во вонредна состојба: Без гледачи и на улиците

278

На само 11 дена пред Отворањето на Летните Олимписките игри, градот домаќин Токио повторно влезе во вонредна состојба.

Причината е зголемениот број на случаи заразени со Ковид-19. Татковците на градот прават сè за да ја стават под контрола инфекцијата и да ја направат најголемата светска спортска пманифестација безбедна за сите учесници.

Јапонија и дефинитивно потврди дека натпреварите ќе се организираат без присуство на гледачи, па дури нема да има гледачи ни на улиците на Токио и Сапоро кад еќе се организираат маратонските трки и трките во уличен велосипедизам.

ПретходноГолемо засилување: Воска го промовираше и Христијан Грозданоски!
СледноСејдини: Испишавме Историја на европските првенства