Трајковски: Не чувствуваме притисок (ФОТО)

337

Мкедонската кошаркарска репрезентација под водство на новиот селектор, Драган Бајиќ ја почна мисијата за СП 2023.

Претквалификациите се првиот предизвик, Македонија одново се врати на почетокот и одново ќе се обиде да ја врати вербата.

На првиот собир не се појавија Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли, двајцата ќе се приклучат подоцна. Не тренираше и Љубомир Младеновски.

Во составот ќе ги нема Војдан и Дамјан Стојановски,под знак прашалник е Стојан Ѓуроски.

Нашите кошаркари прво ќе работат на физичкиот дел, а потоа ќе се гради победничката тактика за Швајцарија и Словачка.

„Дојде тоа време кога јас треба да бидам највозрасен во репрезентацијата. Без разлика на тоа, ние на секој натпревар одиме на победа, а олеснителна околност е тоа што ќе имаме предност на домашниот терен.

Склопот на млади и искусни кошаркари ќе донесе позитивен резултат, дека младиве ќе ни бидат ветер в грб и мислам дека тоа ќе биде пресудно во овој претквалификациски циклус Мислам дека и тие помлади кошаркари веќе го пробија мразот, го имаа првото искуство со репрезентацијата и сега знаат што и како треба.

Не чувствуваме никаков притисок, имаме еден месец за подготовки, а му посакувам добредојде и голем успех на новиот селектор и мислам дека заедно ќе направиме добар резултат“ – рече Бојан Трајковски

ПретходноРоманецот Бирсан ќе и суди на Шкендија во Мурска Собота!
СледноБајиќ: Целта е со подмладен тим на голем настан