Халанд не се појави на предсезонските тестирања во Дортмунд

357

Ерлинг Халанд не се појави на денешните предсезонски тестирања во Дортмунд кои се стандардни пред почетокот на секоја сезона. Собирот на играчите започна и тие полека ги започнуваат подготовките за новата сезона.

Нoрвежанецот кој немаше никакви репрезентативни обврски ова лето, денес не беше присутен во Дортмунд, но се чини дека доцни од одморот што го користи.

Новинарите веднаш побараа одговор од директорот Михаел Цорк кој појаснил дека нема ништо сензационално само ќе задоцни на подготовките, а потоа на смеа им рекол „Ерлинг не е тука затоа што веќе е во Англија“.

Не е тајна дека Челзи се обидува на секој начин да го купи одличниот напаѓач, но исто така не е тајна дека Борусија нема да го продаде до крајот на следната сезона.

ПретходноТри лица починаа во прославите низ италијанските градови по титулата на Еуро 2020
СледноГолемо засилување: Воска го промовираше и Христијан Грозданоски!