„Чкембари“ со последен апел: Спасете го клубот, најдете сериозен инвеститор!

816
Навивачите на Пелистер популарните „Чкембари“, погодени од случувањата во клубот и најавите дека би можел да биде преселен во понизок ранг, упатија последен апел до Општината Битола и до градоначалничката, во која бараат спас за клубот.
„ПОСЛЕДЕН АПЕЛ
ДО Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска.
Почитувани, во рок од 48 часа да го одблокирате фудбалскиот клуб (блокадата е за околу 20.000евра) и да пријавите фудбалаери кои ќе се натпреваруваат во новата сезона. Ние како навивачка група и веруваме ветераните на фудбалскиот клуб Пелистер ви се ставаме на располагање во овие моменти. Не наседнувајте на лажни инвеститори кои можат засекогаш да го оштетат Пелистер! Несериозни уште на самиот старт, а како ќе биде понатаму??
Самите изјавувате дека досега вашата гарнитура во Фк Пелистер дала околу 600.000 евра, ако тука го ставиме и стадионот со околу 5 милиони евра, кој е наменет токму за Пелистер, тогаш сите овие инвестиции ви паѓат во вода за 20.000 евра. Вашата очигледна незаинтресираност за фудбалскиот проблем и оставањето на другите да го решават овој проблем не доведе до оваа ситуација.
Лесно се решава:
1.Одблокирајте го клубот
2.Пријавете играчи
3.Обезбедете нормално функционирање за наредните 5 месеци
4.Најдете СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР!!!
Овој апел ќе го слушнете уште утре од нас лично, сфатете го сериозно, штетата може да биде непоправлива!!“, се вели во соопштението од „Чкембари“.
ПретходноПандев еден од оние кои го одбележаа ЕУРО 2020 (ФОТО)
СледноКастратовиќ нов тренер на Слобода Тузла