Италијанските медиу8ми јавуваат дека тимот на Јувентус ги договорил сите детали околу трансферот на досегашниот играч на австриски Волфбергер, интернационалецот од БИХ, Тарик Мухаремовиќ.
Стоперот кој во моментов има 18. години и 187 сантиметри е перспектива на босанскиот фудбал, и како таков прави трансфер во еден од најголемите клубови во Европа. Нормално од почеток ќе биде дел од У23 тимот на Јувентус, тим кој ги победи ривалите од типот на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд за да го доведе Мухаремовиќ во своите редови. Договорот е важечки до 2025 година.